Модни совети од 92-годишна бабичка

28 септември 2015

Мери е 92-годишна бабичка која одлично се снаоѓа во модните комбинации. Светли панталони, блејзер со принт и впечатлив накит се нејзините омилени парчиња.

Долгогодишното животно и модно искуство ја научиле на некои трикови и „правила“, па нејзините совети ги пренесуваме во продолжение:

1. Никогаш не ја потценувајте моќна на костумот

-Работев во канцеларија на  Вол Стрит и секогаш морав да носам костум. Можете да се дотерате, а и не морате. Не носам фармерки. Носам панталони.

2. Секогаш имајте нешто формално и елегантно во плакарот

-Затоа што никогаш не се знае... Во текот на мојот живот имав многу вечери (деловни и приватни) и ми требаше таква облека. За такви пригоди ми се допаѓа сè-во-црно изледот.

3. Подобро да инвестирате отколку да купите нешто колку да купите

-Не носам евтина, многу евтина облека. Сакам квалитетни работи!

4. Не плашете се да потрошите пари

-Ако ми се допаѓа, тогаш и ќе се расфрлам малце – независно колку чини. Дури и на овие години, ако навистина ми се допаѓа нешто, и сметам дека ќе го подобри мојот изглед, не ми е страв да потрошам пари.

5. Планирањето на комбинациите е од помош, но не е задолжително

-Излегувам од дома 7.30 часот наутро, па ги планирам комбинациите од претходно, но можам секогаш да знам како ќе се чувствувам. 

6.Високи потпетици навистина можат да направат разлика

-Од неодамна почнав да носам ниски чевли. Сè до оваа година високите потпетици ми беа омилени – да ви покажам што сум носела, нема да ви се верува.

7.Често чистете и средувајте го плакарот

-Ако барам нешто да облечам, го „поминувам“ цел плакар, и ако видам дека немам што да облечам, тогаш сè оди на купче. Верувам дека такви се сите жени, затоа е добро почесто да се средува плакарот.

8.Ослободете се од облеката која не ви прилега

-Зошто да чувате нешто што веќе не ви стои, мало ви е, или премногу големо?

9.Донирајте облека

-Ако е нослива и во добра состојба, верувам дека секој од нас треба да ја донира.

10. Модните додатоци нека го комплетираат изгледот

-Но, треба добро да ги координирате. Чевлите треба да одат со панталоните. И бојата. Не можам да носам било која (односно секоја) боја.

11.Не се работи секогаш за комфор

-Комфор? Јас преферирам стил.

12. Во ред е да ги повторувате комбинациите

-Си го сакам црно-белиот костум и го носам со блуза во зебра принт.

13. Кoмбинациите во боја се често пати повеќе класични

-Не носам ништо со цвеќиња. Преферирам чисти бои. Ги сакам сите и ги имам сите во мојот плакар.

14. Размислувајте надвор од царството на џинсот

-Никогаш во животот не сум носела фармерки. Никогаш не носете џинс! До мојата 65-та година работев со луѓе на функција и носев друга облека што ја имав. Така остана и после 65-тата.

15. А ѕвонарки?

-Не ми се допаѓаат ѕвонарските. Ги носев на времето, но на оваа возраст, не ми се допаѓаат. Премногу се долги.

Објавено:
28 септември 2015
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
2.625 пати
Тагови: 
совети баба мода