Кога децата ќе ја облечат мајката...

17 септември 2015

Ова е примерот што Шарлот Кемп го презентираше за весникот „Дејли Мејл“. Шарлот е мајка на три деца, Марта која има пет години, Беа која има 10 години и Амелија која има 13.

Шарлот со Беа (лево), Марта (средина) и Шарлот со Амелија (десно)

Секоја од нив три имаше задача да смисли три комбинации за нивната мајка, од одредени продавници, и тоа за утринските обврски, како носење на училиште, пазарување, потоа комбинација за работа и една за вечерно излегување. Притоа, ќерките даваа коментари зошто токму тие парчиња облека ги одбрале.

Еве како изгледаат резултатите:

*Марта (5)

Дневна комбинација:

Марта: Мама не носи шорцеви, но мислам дека би требала. Јас ги сакам моите. Можеш да правиш што сакаш во нив, на пример можеш и да возиш велосипед и да се качуваш на планина.

Шарлот: Овој изглед е составен од работи што Марта ги носи во текот на целото лето. Но, сметам дека сум малку стара за овој изглед. Можеби е редот на мене да не сакам да излезам од автомобил кога ги носам на училиште.

Деловна комбинација:

Марта: Мајките треба да изгледаат блескаво кога одат на работа, за да не се чувствуваат тажно и осамено. Кардиганот ќе ја топли ако е ветровито и ќе ја потсетува на сончевите денови.

Шарлот: Таа го разбира фактот дека преферирам црна боја за деловни комбинации, но не може да оддолее на блескавите детали и кардиганот во бојата на сонцето. Резултатот е прилично ласкав.

Вечерна комбинација:

Марта: Ова е она што треба да го носиш на забава, мамо. Не фармерки. Зошто мајките носат фармерки. Кога ќе пораснам, јас ќе носам долги фустани. Изгледаш како принцеза.

Шарлот: Во случај фустанот да не е доволно светкав, Марта додаде и ѓердан од Дизни продавницата. Таа тврди дека изгледам прекрасно, додека мојот сопруг се кикоти.

*Беа (10)

Дневна комбинација:

 

Беа: Мама дури не си ја ни чешла косата наутро, во таков метеж!  Не сакам кога изгледа несредено и парталаво. Навистина е засрамувачки, особено кога носи хеланки. Хеланките не им прилегаат на постарите луѓе, тоа е факт. Мислам дека треба да носи облека во која изгледа дотерано, како оваа.

Шарлот: Ок, ја сфатив пораката – нема повеќе да изгледам неуредно додека ги носам на училиште. Изгледа дека мојот изглед за шетање куче сум го носела повеќе од што треба.

Деловна комбинација:

 

Беа: Мама носи црно постојано, но тоа е досадно и ја прави постара. Јас одбрав нешто колоритно и мислам дека вака изгледа млада.

Шарлот: Беа најде парчиња што јас веројатно никогаш не би ги одбрала, како ова здолниште. Таа инсистира и на полирани нокти исто така.

Вечерна комбинација:

Беа: Мислам дека ригите ја прават мама повисока. Чантата соодветствува со чевлите и доволно е голема за сите нешта што ѝ се потребни во неа.

Шарлот: Беа ми одбра морнарска комбинација и навистина е среќна поради тоа. Чевлите се со совршена боја и одлично се вклопуваат во изгледот. Таа запаметила од последниот одмор во Шпанија дека сум голем обожавател на чевли на полна платформа.

*Амелија (13)

Дневна комбинација:

Амелија: Ако мора да биде спортска варијанта, тогаш мамо направија да биде тренди. Но, ќе ти признам дека им фрлив око на патиките – сега носиме ист број на обувки.

Шарлот:Амелија е реалист – таа знае дека јас често носам тренерки и патики кога ги носам на училиште, за да можам потоа веднаш да го прошетам кучето, па ми направи спортска преобразба. Се обложувам дека никогаш нема да ги облечам патиките, бидејќи нели, сега носиме ист број обувки.

Деловна комбинација:

Амелија: Мама секогаш игра на сигурно и облекува панталони. Вели дека е стара за да носи пократки здолништа, но мислам дека треба да се опушти бидејќи изгледа навистина кул.

Шарлот: Ова е фанки и никогаш не би го одбрала ова здолниште, но е младешко и забавно. Ми се допаѓа кожената јакна.

Вечерна комбинација:

Амелија: Овој фустан веројатно подобро би изгледал со чевли на висока потпетица, но мама секогаш се жали како нозете ја болат после вечерно излегување, па избрав рамни чевли.

Шарлот: Се чувствувам како во тинејџерски филм. Ова е дефинитивно водечки изглед во плакарот на Амелија, но ќе се борам за чевлите, многу се удобни.

Објавено:
17 септември 2015
Категорија: 
Стории
Прочитано:
5.304 пати
Тагови: 
мајка деца облека