Сите припаднички на понежниот пол имаат различен вкус, потреби и желби кога станува збор за дефинирање на нивниот естетски израз. Модните трендови од сезона во сезона добиваат на што поголем интензитет и со неверојатна динамика диктираат нови модни тенденции, па на дамите не им преостанува ништо друго освен да се пронајдат во оној што е олицетворение на нивниот стил.
На почетокот на оваа сезона, трендсетерките прво беа „луди“ за предимензионираните модни парчиња што отскокнуваа не за еден или два туку за неколку конфекциски броја, потоа следуваше „големата љубов“ кон кимоната, а овие денови изгледа дека сите сакаат на себе да носат понча и масивни шалови и марами со впечатливи дезени.
Можете предимензионираните шалови и марами да ги стегнете со ремен на половината и на тој начин можете да креирате илузија на It парчето за оваа сезона – пончото.
Модниот „трик“ со марамите беше иновација на модната куќа Барбери и многу дами веќе успешно го вметнаа како дел од нивниот моден имиџ. Можете да го комбинирате со своите омилени фустани, јакни, капути или елеци и на тој начин да креирате совршена модна визија, која секако е поразлична од сите останати. Подгответе се за мала игра со различни текстури и принтови.