Најубавите модни додатоци доаѓаат од работилницата на Манго!

25 октомври 2014

Конечно пристигнаа модните додатоци од Манго за оваа есен на кои е тешко да им се одолее! Познатиот шпански гигант одлучи повторно да ги разгали сите девојки, со фасцинантни модни додатоци за оваа есен и зима.

Брендот објави одличен лукбук во кој сето внимание е насочено кон чантите со реси, неодоливите колоритни шалови, едноставните рамни чевли, но и кусите чизмички и мини чантичките со супер принт.

Особено интересни во нивната понуда се предимензионираните колоритни понча по кои оваа сезона полудеа трендсетерките од сите краеви на светот.

Вредни за издвојување се дефинитивно и одличните чизмички до глужд со неодолив леопард принт, торбите од мека кожа украсени со ин реси и шик шапките што ќе и дадат урбана димензија на секоја ваша комбинација!

Во продолжение погледнете ги сите модни додатоци од есенската понуда на Манго!

Објавено:
25 октомври 2014
Категорија: 
Модни додатоци