Тренд аларм: Како носиме кариран фустан оваа есен?

15 октомври 2018

Есента е совршено време да експериментираме со облеката, со трендовите, принтовите, боите и што уште не. Сепак, кафената боја е нешто што никако не смееме да го заобиколиме, па така денеска ви предлагаме еден интересен кариран фустан во кафени нијанси.

Истиот е со должина до колената и слободно паѓа од половината надолу, што го прави супер удобен за носење и кул за комбинирање.

Деколтето напред е минимално, а целото внимание е свртено кон одличниот принт и панделката на половината која го прави уште поубав.

На ракавите кои се со должина до под лактите има впечатливи црни копчиња кои ќе ви помогнат да одредите во кој правец ќе се движат останатите модни додатоци од комбинацијата.

Носете го со високи потпетици и бидете елегантна дама на работа или пак со рамни црни или кафени чизмички со кои ќе се чувствувате удобно во текот на целиот ден.

Оваа есен ние повторно обожаваме шапки, па така и овој фустан го комбинираме со една во крем и кафена нијанса, а подеднакво впечатлива и шик е кружната чантичка со бели реси како додаток.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Фустан: Mango

Чанта, шапка: Parfois

Модел: Миа Симоновска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
15 октомври 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.517 пати