Тренд аларм: Виолетов фустан + жолто капутче

29 октомври 2018

Иако скоро е ноември, времето уште нè служи и можеме да носиме фустанче кога и да посакаме, во разни прилики.

Токму денеска, ви предлагаме едно такво кое е совршен избор за сите прослави кои се пред нас, но и за специјални настани на кои сакате да блеснете.

Истото е изработено од нежен материјал во темно виолетова боја како една од најпосакуваните сезонава, со должина до под колената и отвор на ногата кој доаѓа од самиот преклоп на половината.

Во тој дел, фустанот се врзува во панделка што го прави уште поубав. Ракавите се со должина до под лактите и има мали копченца кои можете да ги носите и отворени.

Не двоумете се и истиот без проблем комбинирајте го со ова впечатливо жолто капутче и чевли по ваш избор.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Фустан, палто: Mango

Модел: Миа Симоновска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

 

Објавено:
29 октомври 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.073 пати