На која облека не треба да штедите?

3 јуни 2013

shopping6

Светските стилисти советуваат како да го збогатите плакарот со парчиња облека, потенцирајќи на тоа, за кои вреди да вложите повеќе пари, а за кои нема потреба да се расфрлате.

Маици- штедете

Штедете на маици бидејќи ги носите директно на кожа, што значи дека често ги перете и не траат долго. Оние во бела боја ја губат битката пред дамките под пазуви. Затоа бирајте ги оние што добро ви стојат и чии материјали не изгледаат евтино. И двата криетериума можете да ги задоволите со помала цена.

Хулахопки- штедете

Хулахопките се специфични и минливи. Можеби поскапите ќе ви потраат подолго, но и тие ќе се искинат. Затоа, повеќе ви се исплати за истата цена да земете неколку поевтини. Ако можете да си дозволите, купете и поскапи, тие најчесто се со подобар квалитет, но ако сакате да заштедите, тогаш подобра ви е првата опција.

Градник- не штедете

Градниците се добра инвестиција, бидејќи може да влијаат на севкупниот изглед. Фокусирајте се на удобноста и нагласувањето на облините. Ако имате поголеми гради, тогаш градникот мора да добро да ви стои и да биде удобен. Ако сте со помали гради, тогаш потребно е да ги нагалсите.

Спортска облека - не штедете

Дури и да се одлучите за најдобрите спортски марки, наместо да се потите во старите маици, нема да банкротирате. Искористете ги снижувањата и купете си по соодветна цена квалитетна спортска облека  што ќе трае со години. Вложете во нешто функционално, удобно, но што одлично ќе му прилега на вашето тело. Не само што ќе изгледате добро, туку ќе бидете и мотивирани.

Тренди парчиња – штедете

Нема потреба да трошите пари на нешто што ќе помине брзо, а и ќе го имаат сите. Некои трендови се враќаат, но нема потреба да трошите богатство на нив.

Црни панталони –не штедете

Добри црни панталони можат да траат со години, безвременски се. Инвестирајте во нив, и тоа паметно, затоа што можете да ги носите на многу начини, во многу пригоди. Колку се поквалитетни, толку подолго ќе ви траат.

Јакна- не штедете

Добра јакна може да направи многу за вашиот севкупен изглед. Можете да носите и обична маица, или фармерки, но добрата јакна ќе направи да изгледате одлично. Бирајте ја во согласност со градбата- половината, колковите... Нагласете ги предностите, сокријте ги недостатоците.

Фустан- не штедете

Еден или два добри фустани во кои ќе се чувствувате најубаво на свет, мора да имате во плакарот. Не се двоумете, особено ако се работи за црн, темно кафен или во боја на некој од скапоцените камења. Само внимавајте да не биде прекус, тоа би ја убило долговечноста на фустанот. Имајте на ум дека должината до колена е секогаш во мода.

Чевли –(не) штедете

Едни добри чевли за на рбота, кои ќе одговараат на повеќе комбинации се вистински погодок, затоа потрудете се да бидат квалитетни. Со оглед дека нив ќе ги носите најчесто и најмногу, нема сомнение дека не треба да штедите. Но, кога се работи за чевли за вечерни излегувања, е тука можете да заштедите. Нема често да ги носите, а и да ги оштети некој, нема да жалите многу. Истото важи и за вечерните фустанчиња и чантички.

Капут – не штедете

Квалитетен капут е клучно парче за зима. Добар капут мора да биде од квалитетен материјал, да ви одговара во рамениците совршено, како и во половината и ракавите. Во капутот мора да се чувствувате удобно. Како да го проверите материјалот? Зграбете што повеќе материјал во раката и стуткајте го на 20 секунди, па пуштете. Ако изгледа како истуткана вреќа, тоа значи дека и вие ќе изгледате така.

Објавено:
3 јуни 2013
Категорија: 
Направи сам