Еден од задолжителните додатоци за на плажа е и марамата. Освен што ја врзувате околу куковите, постојат и други начини да ја носите. Не само што ќе бидете модерни, туку и ќе ја намалите облеката. Марамата може комплетно да го замени фустанот, а сега и ќе видите како.

Комбинација 1

Потребна ви е марама со поголема широчина. Поставете ја околу телото вертикално и горните краеви врзете ги. Потоа од широчината извлечете делови од средината и заврзете ги и нив. Извлечете ја должината, да не ви се влече и ќе добиете фустан по мерка.

фустан 1

Комбинација 2

Овој фустан е сличен на првиот. Наместо на едно рамо да ја врзете марамата, горните краеви врзете ги во предниот дел, кај градниот кош. Потоа, како и во првиот случај, извлечете делови од широчината на марамата, и врзете ја на средина.

фустан 2

Комбинација 3

Поставете ја марамата вертикално, но така работ да ви е затегнат кај градниот кош ( во вид на топ), а краевите да ви дојдат позади. Врзете ги краевите. Долниот дел од марамата што виси, протнете го меѓу нозете, во висина на колената. Делот што доаѓа одзади, префрлете во напред, и краевите врзете ги во пределот на пловината.

фустан 3

Комбинација 4

Повторно поставете ја марамата вертикално. Горните краеви сега врзете ги околу вратот. Делот свртете го. Задниот дел од марамата врзете го цврсто.

фустан 4

 

 

Објавено:
29 јуни 2013
Категорија: 
Направи сам