Направи сама: Трансформирај го црниот градник
•
25 март 2014
Пред нас е сезона кога се повеќе почнува примената во комбинации на транспарентните маички, блузи и кошули. Бидејќи се проѕирни, секогаш ви е потребен најубавиот градник или топ, кој во случајот се гледа повеќе од обично. Доколку вашата омилена маичка или кошула е од транспарентен црн материјал, ние ви предлагаме сами да го трансформирате црниот градник, на кој ќе зашиете црни ластик ленти. Постапката е многу едноставна, а се што ви е потребно од алат за изработка се: ножици, игла и црн конец и шпенадли. Крајниот триаголен ефект од спојувањето на ластиците изгледа одлично под транспарентното парче. Пробајте!