Направи сама: Украсете го коњското опавче со уникатен аксесоар
•
1 март 2014
Ако веќе ви досадија обичните ластици за коса, ние ви нудиме интересно решение како да направите сами интересен аксесоар за вашето коњско опавче и тоа од елементи што сите ги имате дома. За овој додаток ќе ви биде потребна само креативност, ролна од бришач за раце, ножици, фломастер или лак за нокти. Ако имате доволно време можете од една картонска ролна да направете неколку вакви додатоци. Препуштете се на вашата инспирација и почнете да боите, инструкциите ги имате од фотографијата.