Пробајте го коњското опавче во сите можни варијанти

19 март 2014

Се враќаме кон основата на фризурите за коса, а тоа ни го наложуваат трендовите од модните писти. Откако поминаа модните недели за следната зимска сезона следуваа сублиматите од кои како една од наприменуваните техники за коса беше ниско врзаното коњско опавче. Бидејќи постапката за да го направите е многу лесна, сигурно ќе ви бидат добредојдени идеите како да го модифицирате. Строго затегнатата и залижана коса врзана во ниско опавче ја видовме кај Балман, Фенди, Шанел, Валентино,  а разликата е само во поставувањето на патецот кој варира од таков строго дефиниран на средина, на страна, но и во парчиња коса кои се преклопуваат едно врз друго како оние на Фенди.

Fendi Fendi

Се што е потребно, е да имате здрава и негувана долга коса која всушност е основата за вашето коњско опавче да изгледа убаво. „Меуресто“ опавче носеа манекенките на Валентино кое е навистина интересно и вреди да го пробате. Меѓу оние повпечатливите го издвојуваме коњското опавче на Шанел кое за разлика од останатите има голем волумен и текстура од различни материјали вметнати во него.

Во зависност од вашата должина на косата прошетајте со нов облик на ваквите едноставни фризури,  кои сега ги достигнаа своите „5 минути“ слава.

Valentino Valentino

Blake Lively Blake Lively

Emma Roberts Emma Roberts

 

 

Објавено:
19 март 2014
Категорија: 
Убавина