Ова лето заборавете на омбре!

21 мај 2015

Ако досега најчесто се издвојуваа по тренд-или два, оваа сезона „ин“ ќе биде разноликоста. Независно дали имате долга или куса коса, рамна или со кадрици, ќе бидете во тренд и ќе бидете убави.

Токму затоа, во продолжение ви презентираме дел од начините како да ја средите косата оваа сезона:

Долга коса

Негувана, сјајна и добро стилизирана е секогаш во мода. Лежерните фризури се апсолутен хит оваа сезона. Заборавете на омбрето и силните контрасти ова лето. Актуелно е сенчењето на коса, кое совршено изгледа на брановидна коса во бохо стил.

Коњско опавче во сите варијанти

Без оглед на тоа дали имате долга или кракта коса, или пак со средна должина, но доволно долга за да ја ставите во опавче, направете го тоа. Високо или ниско, елегантно или „бушаво“, коњското опавче е сигурен избор за оваа сезона, а тоа го потврдија и Гучи, Трусарди, Оскар де ла Рента и други во своите ревии...

Ефект на мокра коса

Оваа фризура е доволно ефективна, па како тренд се задржува речиси секоја година, а беше фаворит и на последната ревија на Џамбатиста Вали и Версаче.

Боб фризура

Ова беше една од најактуелните фризури минатата година, а своето место го задржа и оваа сезона, но со поголем волумен.

Шишки

Фризурите со шишки за лето 2015 ќе се движат од совршено класични, до оние што се носат само на една страна од лицето. Со оглед на тоа дека 1970-тите се број еден кога се модните трендови во прашање оваа сезона, применете го и во фризурата.

Објавено:
21 мај 2015
Категорија: 
Убавина