Марамите се еден од најобожуваните летни аксесоари кои може да ги применуваме во различни варијанти. Овој пат ќе ве посоветуваме како во вашиот секојдневен изглед да комбинирате марами со впечатлив дезен.Модната блогерка Леандра Медин понуди оригинална идеја како да ги искористите марамите во текот на летниот период, а при тоа да изгледате навистина уникатно.

Се' што ви е потребно покрај марамите се еднобоен топ или корсет и по можност фармерки со машки крој или пенкало здолниште. Двете марами врзете ги на рацете во форма на панделка, а нивниот дезен ќе ја разбие монотонијата на изгледот и ќе додаде доза софистициран призвук на целокупниот изглед.  Интересен и едноставен моден совет кој мора да го примените!

Објавено:
14 јули 2014
Категорија: 
Направи сам