Пет супер совети од луѓето што работат во компании за хемиско чистење

14 ноември 2020

Нечистотиите на облеката и нивното отстранување понекогаш значи комплетно уништување на облеката доколку не знаеме да ги истретираме на вистинскиот начин.

Луѓето што работат во компании за хемиско чистење, споделија неколку добредојдени совети. Што може да се носи на хемиско чистење, а што не, како да се одржи облеката чиста, која состојка е штетна за одредено парче облека и слично, се само дел од искуствата кои ги споделија, а ви ги пренесуваме во продолжение:

Што може, а што не да се носи на хемиско чистење?

-Можеби ќе ви звучи чудно, но не се препорачува фармерките да се носат на хемиско чистење, сосема е доволно перењето во машина за алишта. Облеката од деликатни материјали како свила или сатен, се препорачуваат да се донесат на хемиско чистење, затоа што ако се обидувате самите да ја отстраните нечистотијата, шансите да го уништите материјалот се големи. Истото правило важи и за облеката на која има тврдокорни дамки, кои тешко се отстрануваат. 

Сода бикарбона е моќен сојузник, но...

-Содата навистина е одличен „помошник“ при одржувањето на чистотата дома, а помага и во отстранувањето на тврдокорните дамки. Сепак, поради моќното дејствување, одредени материјали би можела да ги „нагризе“, односно оштети. Затоа, стручњаците вела дека пред да ставите сода директно на дамката, испробајте на помало и не толку видливо место, да ја видите реакцијата на материјалот.

Домашни магии

-Ако сте одлучиле дамките да ги чистите дома, лицата од струката советуваат парчето облека прво да го ставите во студена вода, потоа да го исперете на рака во топла вода, во која претходно ќе ставите прашок за перење алишта. Дамката никако да не се трие, бидејќи на тој начин се зголемува шансата дека ќе ја оштетите ткаенината или дека нечистотијата ќе продре уште подлабоко. Нежно тапкајте го нечисиот дел. Ако дамката не исчезне, тогаш однесете го парче на хемиско чистење.

Магичен број

-Оделата се меѓу оние парчиња кои можат најчесто да се носат на хемиско чистење. Како велат стручните лица, ако нема некакви сериозни дамки, најдобро е оделата да се носат на хемиско после три носења.

Што со големи и волуменозни парчиња?

-Чистењето прекривачи, ќебиња, јоргани е тешко во домашни услови, затоа спаѓаат во групата работи што е препорачливо да се носат на хемиско. Иако можби на прв поглед ви изгледа како поскапа опција, ќе заштедите време, а ќе добиете подобри резултати.

 

Објавено:
14 ноември 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.177 пати