Претворете ја старата марама во уникатно елече

14 ноември 2013

Ова дефинитивно е еден од најлесните и најуникатни проекти што некогаш сте ги направиле! Ние сме убедени дека некаде длабоко во вашиот плакар имате неколку марами кои поради некоја причина, не се вклопуваат во вашите комбинации повеќе.

Доколку тоа е така, веднаш пронајдете некоја што порано ви била омилена и претворете ја во уникатно елече за оваа есен. Да, добро чувте! Елече!

Она што треба да го направите е само да исечете две дупки на марамата, односно да направите простор за да си ги протнете рацете и потоа добро да ги зашиете од страните за да не се распараат.

Во зависност од тоа колку сакате да ви биде долг предниот дел од елечето, одредете си сами каде ќе го направите просторот каде што ќе ги протнете рацете. Доколку марамата е многу долга, пресечете го предниот дел и добро зашијте го.

Ова е вашиот проект за денеска за кој ние веруваме дека ќе биде многу успешен и истиот ќе биде вашето ново, омилено парче во плакарот.

Објавено:
14 ноември 2013
Категорија: 
Направи сам