Ова е еден од апсолутните трендови меѓу машката популација, но истовремено еден од најчестите модни грешки.

Токму од таа причина, ви откриваме кој е вистинскиот начин да ги искомбинирате. Тајната е во блејзерот, односно палтото.

Бидејќи маиците се најлежерното парче облека што можете да го носите, тоа значи дека и блејзерот мора да биде во лежерен стил, за таа комбинација да може да функционира. Токму затоа блејзерите од памук, со текстура (визуелна или во составот).

Кога се маиците во прашање, оние со заоблен околувратник се најдобар избор. Многу подобар од оние на V. Нив избегнувајте ги. Исто така, внимавајте маицата да ја следи линијата на телото, за да не изгледа дека е „обесена“ на вас, и да не ви додава килограми.

Значи, сакоата од вашите свечени одела заборавете ги за комбинирање со маици и фармерки.

А кога сме кај фармерките, квалитетниот џинс секогаш е добар избор, но со уедначена боја. „Избелените“ или со разни принтови не се идеално решение за овие комбинации. Одличен избор се на пример оние од кепер.

Објавено:
25 јуни 2015
Категорија: 
Направи сам