Дури и едноставната дневна комбинација надополнета со ова модно парче ќе направи да изгледате феноменално, а воедно ќе ги прекрие недостатоците, широките колкови и стомакот.
Секси и „строги” истовремено, како минатата сезона така и оваа, тие претставуваат моден императив. Одлучете се за оние во средна должина, да не бидат премногу широки на делот на рамената, а доволно струкирани за да ја пратат линијата на телото. Ако блејзерот има убава постава, тогаш можете да ги завртите ракавите, а прекрасно изгледаат во комбинација со шал или марама. Предноста на сакоата и блејзерите е во тоа што одлично се комбинираат без разлика на нијансата.
Блејзерите одлично одговараат со обични и широки панталони, тесни фармерки, хеланки, фустани, тесни или широки кратки и долги здолништа. Тие се практични и ефектни, па доколку немате вакво модно парче во вашиот гардеробер,редно време е да си набавите.