Во тој контекст, парчињата од лесен материјал секогаш доаѓаат во прв план, но сепак треба да постои граница кога станува збор за бизнис и деловни комбинации. Правилата секако не важат доколку работите како бармен на плажа, но доколку сакате да оставите впечаток на работното место, внимавајте на следните шест работи.
Кратки панталони
Без разлика дали надвор е пеколно жешко или е петок, ден пред викенд, не смеете да си дозволите атрактивен изглед со кој ќе откриете повеќе отколку што е дозволено. Заменете ги кратките панталони со пенкало здолниште или А- крој.
Ленени панталони
Доколку имате ленени панталони кои се премногу проѕирни, најдобро би било да ги носите само доколку одите на плажа, но не и на работното место.
Маица без прерамки или краток топ
Дали би се чувствувале комфорно носејќи маица без прерамки или краток топ за време на состанок? Првиот визуелен впечаток е секогаш пресуден, без разлика дали вие сте професионалец во својот домен.
Апостолки
Без разлика колку се удобни, апостолките не се за на работно место, особено доколку не сакате да привлекувате внимание со звукот кои тие го создаваат при секое ваше чекорење. Доколку сакате чевли кои сепак ќе бидат удобни, одберете сандали со отворени прсти на ниска потпетица или пак рамни.
Транспарентни парчиња
Транспарентните материјали не се наменети за секоја прилика, а особено не за работното место. Внимавајте при изборот на парчиња кои ќе привлечат внимание, но во негативен контекст, доколку не сакате да бидете исмејувани од колегите.
Тесни панталони и маица
Пред се треба да расчистите дека постои кодекс во однос на работните стајлинзи и секако дека постои граница меѓу нормален и вулгарен аутфит. Носењето на претесни панталони и маици со истакнато деколте или тенки прерамки може само да ви ја загрози позицијата на работното место.