Стајлинзи за интервју за работа инспирирани од уличната мода

29 јануари 2015

Улиците и стиловите кои тука доживуваат една поинаква димензија, можат да бидат совршена инспирација за вашиот стилизиран изглед за интервју за работа.

Впрочем, ригидноста и немањето избор кога треба да одлучите за вашиот соодветен изглед кога треба да оставите позитивен прв впечаток пред потенцијалниот работодавец, остануваат далеку во минатото.

Затоа и оваа на прв поглед неспоива комбинација: улична мода и деловен изглед, сега имаат логична взаемна поврзаност.

Секако дека слободата во дефинирањето на стајлингот ја диктира и позицијата за која аплицирате, но во суштина кога соодветно ќе се комбинираат парчињата и боите, со едностаната фризура и минималната шминка, тогаш не постои простор за грешка.

Така на пример перфектно скроеното сако и класичните панталони можат да се комбинираат во бројни варијации, а разликата е во зависност од финесите како: бојата и дезенот на парчињата, кошулата или топот што ќе го облечете под сакото, суптилниот накит или деталите како шешир, впечатлива марама или совршена чанта.

Бенефит се и актуелните трендови кои пропагираат предимензионирани палта и капути, широки панталони до глужд, спортска елеганција, удобни ниски чевли и секако инвазија од принтови. Сето тоа може да го искористите во концепирањето на совршениот деловен стајлинг.

Инспирирајте се од фотографиите од глобалната улична мода.

 

Објавено:
29 јануари 2015
Категорија: 
Направи сам