Супер трик како да го разубавите ранецот на вашите клинци
•
5 септември 2017
Еве еден едноставен, а ефективен трик како да го освежите „стариот" ранец на вашиот клинец или клинка.
Предност е доколку ранецот е едноставен, монохроматски и без принтови.
Така ќе имате совршено чиста основа да го украсите со стикери за текстил што ќе ги подредите по ваш избор.
Аплицирајте на местото каде што сакате да го поставите стикерот и задржете одозгора со пегла неколку секунди. Одберете стикери со интересна тематика, со позитивни пораки или омилените цртани херои на вашето дете.
Еве еден пример како тоа изгледа:
Фото извор: honestlywtf.com