Ви се скина џемперот пред излегување? Го имаме вистинското решение!

14 ноември 2013

Сигурно досега неколку пати ви се случило пред излегување да видите дека вашиот омилен џемпер или блузичка се скинале на некое место. Доколку веќе си имате смислено комбинација, немате потреба истата да ја промените поради тој мал проблем!

Сега, постојат фластери кои покрај тоа што се многу ефикасни, истите се и навистина шик и ќе изгледаат како едноставно да сте си го украсиле џемперот. Бидете сигурни дека никој нема да го примети малото дупче што и вие не знаете како настанало.

Овие фластери се наречени Cashmere Bandaids и доаѓаат во различни облици, па така можете да си набавите фластери во вид на цвет, пеперутка, желад и во големина во која вие сакате.

Иако е подобро да внимаваме да не се случуваат такви незгоди, мора да признаеме дека овие фластери не освоија. Доколку тоа е случај и со вас, цената им е 14 долари.

Објавено:
14 ноември 2013
Категорија: 
Направи сам