Добро утро. Нашиот денешен предлог е во интензивни бои, во кои ќе бидете забележани каде и да одите. Се одлучивме за зелени панталони со висок струк, што совршено ја истакнуваат фигурата.

Во комбинација се со портокалов џемпер. Доколку планирате да одите на забава после работа, а џемперот ви е премногу масивен избор, заменете го со ролка или кошула.

Чевлите се во слична нијанса со панталоните, додека чантата е мала и сина. 

Вие можете да си направите и ваша комбинација на бои, важно е да се свежи и впечатливи.

Имајте убав ден!

 

фото: Pinterest.com; 

Објавено:
26 декември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.362 пати