Викенд предлог како инспирација за што да облечете

28 јуни 2014

Драги наши девојки, за овој прекрасен летен ден од викендот ви предлагаме неверојатно слатка и шармантна комбинација составена единствено од пастелни бои. Со оглед на тоа што кусите блузички се вистински хит оваа сезона, денеска одберете една во одлична сива боја. Истата комбинирајте ја со долго здолниште со висок струк во нежна розова боја со интересен и секси шлиц на средината. Кога станува збор за чевлите, оваа сабота носиме тренди сандали кои се комбинација од бела и нежна беж боја на ремчињата и потпетиците. Чантата и очилата за сонце се во сива нијанса, а што се однесува до шминката, со оглед на топлите температури деновиве, носиме само нежен сјај за усни!

Оваа сабота уживаме во кафето со пријателките!

Објавено:
28 јуни 2014
Категорија: 
Направи сам