Блогерка со француско и италијанско потекло држи лекции по стил – ова е нејзиниот Инстаграм профил

7 октомври 2019

Иленија Тома има француско и италијанско потекло, родена е во Швајцарија, а го избрала Милано како град кој најмногу одговара на нејзиниот сензибилитет и таму е нејзната домашна адреса...

Целиот овој склоп на околности, ја предодредува оваа модна блогерка во нејзината значајна улога во пренесување на модно влијание.

Кога ќе го отворите нејзиниот профил на Инстаграм, веднаш ќе посведочите за нејзината врвна модна естетика и изострено око.

Иако прво ги следела стапките на нејзината мајка и еден перод од животот била професионален фризер, сепак во 2011 година откако ги открива можностите на Инстаграм, нејзиниот стил добива масовно внимание.

Тоа било причината хобито да премине на многу посериозно ниво, професија со полно работно време, а истовремено работи и како консултант за социјални медуми во групацијата LVMH.

 

Сега таа е влијателна модна блогерка која има можност да соработува со своите идоли, светски модни дзајнери и брендови.

 

Посведочете на беспрекорноста на нејзинот имиџ.

Објавено:
7 октомври 2019
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
3.887 пати