Ѕвезда од италијанската улична мода: стилистката Ерика Болдрин

15 мај 2019

Таа е урбана, модерна, секси и со истенчан вкус – италијанската модна стилистка Ерика Болдрин е се повеќе впечатлива за очите на јавноста.

Благодарение на нејзиниот специфичен изглед и умешноста да „танцува" со стиловите и соодветно да ги комбинира трендовите во нејзиниот личен имиџ, Ерика е една од миленичките од италијанската улична мода.

На нејзиниот Инстаграм профил секогаш ќе наидете на ултра модерни комбинации стилизирани во автентични изданија, карактеристични за нејзиниот индивидуален стил.

Лежерно, ама женствено, урбано, но истовремено со дозирана елеганција – вака и самата Ерика го опишува својот стил.

Инаку, во неколку наврати досега ќе каже дека едноставен блејзер и џинс е нејзината омилена комбинација.

Ѕирнете во нејзиниот моден профил на Инстаграм.

Објавено:
15 мај 2019
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
809 пати