Инстаграм инспирација: Блогерката која знае како се носи предимензионирана облека

10 октомври 2018

Предимензионираните силуети се најкарактеристичен белег за имиџот на познатата италијанска модна блогерка Ерика Болдрин.

Со своите половина милион следбеници на Инстаграм, таа секојдневно споделува инспиративни и стилски комбинации, во кои многу често имплементира парчиња во предимензионирани форми. И тоа го прави навистина умешно, така што резултатот без исклучок е шик и урбан изглед.

Ќе забележите дека ретро силот често е присутен преку нејзините омилени макси капути, романтични кошули и бохо фустани, што ги комбинира со ултра модерни модни додатоци.

Оваа есен нејзиниот профил на Инстаграм е обоен во земјени тонови, па најголем дел од парчињата актуелни во нејзиниот гардеробер се во маслинесто зелена, беж и нијнси на портокаловата боја, најчесто надополнети со кариран дезен.

Објавено:
10 октомври 2018
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
812 пати