Инстаграм инспирација: Кралицата на етно принтовите

24 август 2018

Карлота Оди е сопственичка на италијанската модна етикета Alanui и модна уредничка во јапонскиот Вог. Стилот што таа го претендира е апсолутна спротивност на минимализмот – авантуристички пристапува во спојување на „неспоивото", дефинирајќи неконвенционален имиџ.

Секогаш непредвидлива во изборот на парчињата, Карлота со својата појава е секогаш атрактивна и интересна, а осбено е инспиративна за оние кои го обожуваат етно стилот.

Многу често во своите комбинации таа имплементира парчиња со етно принтови, што во суштина е најпрепознатливиот белег на нејзиниот имиџ.

Покрај тоа, вели дека без накит се чувствува гола, па ретко може да ја видите без впечатлив ѓердан или алки на рацете.

Уживајте во шаренилото споено во хармонични и урбани комбинации на нејзиниот Инстаграм профил @carlottaoddi.

Фото извор: Инстаграм

 

Објавено:
24 август 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
383 пати