Франческа Белетини - една од највлијателните шефици во модната индустрија

18 август 2023

Франческа Белетини кон крајот на јули беше назначена за заменик извршен директор за развој на брендовите во француската луксузна групација Керинг.

Освен тоа таа е и директорка во Сан Лоран, компанија, што по нејзина заслуга заработува повеќе од милијарда долари годишно.

Улогата на Белетини вклучува и надгледување на брендовите Гучи, Ботега Венета, Баленсијага, и Александар Меквин, кои се исто така под групацијата Керинг.

Токму затоа порталот Business of Fashion ја прогласи Франческа за најмоќна директорка во луксузниот сектор на модната индустрија.

Нејзината работа во Сан Лоран е препознатлива по тоа што секогаш води остра и јасна маркетинг стратегија.

Штом ја разјасните точната позиција што брендот ја има на пазарот, тогаш се си доаѓа на свое место.

Уште како млада Франческа ја напушта родната Италија за да работи во делот за инвестиции на Голдман Сакс.

Во Италија се враќа повторно во 1999 и сосема ја менува индустријата во која што ќе продолжи со својата кариера.

Започнува во одделот за деловно планирање и развој на групацијата Прада, а подоцна и во Хелмут Ланг.

Тука го стекнува првото искуство во модната индустрија пред да се придружи на Керинг 20 години подоцна.Кариерата во групацијата ја започнува како директорка на стратешко планирање и глобална трговија во брендот Гучи.

По пет година преминува во брендот Ботега Венета во улога на директорка за глобална продажба и комуникации, за во 2023 конечно да се придружи на Сан Лоран како претседателка и директорка на брендот.

Задачата која што сопственикот на групацијата, Франсоа-Анри Пино и ја даде на Белетини беше брендот да достигне продажба од милијарда долари годишно.

По четири години на челна позиција таа успеа тоа да го направи.

Минатата година Financial Times ја стави Белетини на листата 25 највлијателни жени во светот.

Покрај таа титула Франческа во 2019-та е одликувана и од Легијата на честа, кое е највисоко одликување во Франција.

Таа е членка на Fédération de la Haute Couture et de la Mode која што ја организира неделата на висока мода во Париз и е честа гостинка на службените вечери на Емануел Макрон.

Фото: Instagram, Facebook

Објавено:
18 август 2023
Категорија: 
Портфолио