Инстаграм инспирација: Убавицата Алис Оливија постигнува максимален ефект со минималистичка естетика

18 септември 2019

Има речиси половина милион следбеници на Инстаграм, а во описот на нејзиниот профил на оваа социјална мрежа пишува: сакам блејзери.

И навистина, ако ги разгледате нејзините фотографии ќе се уверите дека Алис Оливија секогаш наоѓа простор во своите аутфти да комбинира блејзери.

Оваа британка е популарна модна блогерка која е препознатлива по својата минималистичка естетика со која остварува голем стилски ефект.

 

Нејзиниот имиџ е пример како со минимален дизајн и со монохроматски изглед, може да постигнете врвен резултат.

 

Строго се придржува на комбинаци во црна или бела боја, а понекогаш ви гклучува и земјените тонови.
Покрај блејзерите, што ги носи во сите варјанти, многу често нејзините комбинаци вклучуваат и бели патики.

Објавено:
18 септември 2019
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
766 пати