Колоритни зимски комбинации по предлог на блогерката Блер Еди

11 декември 2018

Урбаната модна блогерка од Сан Франциско, Блер Еди, која успешно го води ултра популарниот моден блог Atlantic-Pacific, зимава ја обои во разигран колорит – и во однос на боите и дезените, но и од аспект на слоевитоста во комбинациите.

Всушност токму темпераментниот и ведар дух на нејзиниот имиџ, е препознатливоста што ја одвои и му даде печат на нејзиниот стил.

Па колоритната динамика останува карактеристика и на нејзината зимска естетика. Блер во своите комбинации имплементира ексцентрични принтови со класични кроеви, што како целина е допадлива и неизбежно впечатлива.

Женствениот предзнак е секогаш нагласен, најчесто преку изборот на елегантни модни додатоци.

Оваа зима Блер макси фустаните во пруги ги комбинира со капути во пастелни нијанси со крзнени додатоци, деловните парчиња ги надополнува со предимензионирани шалови со интересни дезени, а интересно е што секогаш наоѓа начин да вметни и летни парчиња во шарени дезени во контрастен спој со топли плетива, ролки и блејзери.

Објавено:
11 декември 2018
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
1.336 пати