Негин Мирсалехи – атрактивната блогерка чиј заштитен белег е раскошната коса

18 јуни 2019

Една од најактуелните и атрактивни модни блогерки, со 5.3 милиони следбеници на Инстаграм, Негин Мирсалехи, која е препознатлива по својата раскошна коса, е инспирација за сите кои преферираат да додадат нота на женственост на урбаниот изглед.

31-годишната холандска блогерка со ирански корени, заедно со својата мајка имаат заеднички бизнис за производи за коса, па својот Инстаграм профил и влијанието на социјалните медиуми, го користи и за промоција на истите.

Покрај тоа, таа има изградено препознатлив стил што ги спојува спортскиот и женствениот изглед, а со оглед на милионите следбеници на Инстаграм, брендовите обожуваат да соработуваат со неа.

Својот моден блог neginmirsalehi.com/ го старуваше во 2012 година, што после 7 години ужива огромна популарност, а ист толку популарен е и нејзиниот канал на You Tube каде најчесто објавува туторијали за коса, шминка или споделува видеа од нејзиниот приватен живот.

Објавено:
18 јуни 2019
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
2.746 пати