Младиот либански дизајнер Рами Кади е неверојатно талентирано момче за кое многумина веруваат дека е новиот Зухаир Мурад!
Образованието го завршил на познатиот универзитет „Esmod“ во Бејрут каде дипломирал со високи почести и награди во 2008 – та година. Веднаш потоа, тој започнува да работи како помошник дизајнер во ателјето на либанските дизајнери Раби Кајруз и Жорж Шакра, каде се стекнува со потребното искуство.
Во 2008 – та година, тој бил забележан од Старч фондацијата, која постојано е во потрага по млади таленти дизајнери, кои му помогнале всушност и да ги лансира неговите први колекции.
Неговата исклучителна работа била веднаш забележана од модниот свет, што многу му помогнало да го отвори неговото прво ателје во 2010 – тата година „Madame Muquet“, каде можат да се најдат негови, но и дизајни од други талентирани либански дизајнери.
За само неколку години, тој стана препознатлив по неговите исклучително деликатни и елегантни креации, пред сѐ фустани, целосно рачно извезени и украсени со прекрасни детали.
Веќе во мај 2011 – тата, ток го отвои неговото прво, целосно самостојно ателје и бутик во Бејрут, каде и денеска можат да се најдат парчиња од сите негови досегашни колекции и модни додатоци.
Тој самиот ќе каже дека неговата најголема инспирација и поддршка пред сѐ, била неговата мајка која и денеска е неговиот најголем обожавател и најчест клиент.
Неговите креации денеска ги носат некои од најголемите либански ѕвезди, но и прекрасната австралиската манекенка Шанина Шајк.
Во продолжение во галеријата, погледнете дел од парчињата на Рами Кади, за кој веруваме дека многу наскоро ќе стане подеднакво обожуван како и неговиот либански колега, неверојатно талентираниот Зухаир Мурад.