Зина Чаркопила: Кул блогерка заљубена во минимализмот!

14 април 2015

Трендсетерките од Барселона вообичаено ги поврзуваме со боемскиот начин на облекување и неодоливата ноншалантност зачинета со етно детали, но Зина Чаркопила е нешто сосема поинакво.

zt_840_472

Новата ИТ девојка и блогерка со истенчен вкус, потекнува од Грција, но постојаната адреса и е во Барселона.

efe_840_472

Преку нејзиниот блог Fashion Vibe таа секојдневно ги воодушевува девојките ширум светот со супер комбинациите што ги прави, претежно составени од неколку клучни и шик парчиња.

bambas-40_840_472

Нејзината љубов кон модата започнала сериозно да се развива откако почнала да работи за некои познати модни брендови во Шпанија, по што почнала и повеќе да му посветува на нејзиниот блог.

dsc7629_840_472

Сопствениот стил таа денеска го опишува како камелеонски и секогаш во зависност од расположението.

trtr_840_472

Иако на почетокот кога почна да објавува фотографии на нејзиниот блог, во речиси секоја комбинација таа додаваше интересни детали и носеше малку поинаква облека, она што таа денеска го практикува, се лежерните и минималистички парчиња.

collage8_840_472

Оваа блогерка е вљубена во неутралните бои и силните принтови кои докажуваат дека оваа девојка и тоа како го променила нејзиниот младешки стил. Денеска, таа успешно и на софистициран начин ги спојува тренди парчињата со префинети креации за сето тоа на крајот да изгледа тотално кул.

collage6_840_472

Нејзината омилена модна икона од која често црпи инспирација е Кара Делевињ, а без оглед на трендовите, кожените и кусите панталони од различни материјали се есенцијалните парчиња во нејзиниот плакар.

Објавено:
14 април 2015
Категорија: 
Портфолио