Четврток во бели фармерки и портокалов џемпер
•
10 декември 2020
Добро утро. Се надеваме дека и денеска не' читате во добро здравје.
Ние овој четврток го боиме во портокалови нијанси.
Нашиот денешен предлог се бели фармерки или панталони кои можете да ги комбинирате со џемпер со ролка во портокалова нијанса. Доколку немате баш таква боја, одберете некоја во друга интензивна нијанса и внесете боја во сивилото.
Наместо чевли, изборот на обувки нека се чизми до глужд. Додадете јакна или капут и имајте убав ден :).