Четврток во бело фустанче и патики
•
4 април 2019
Претпоследниот ден од работната недела се разбудивме со малку посвежо време, но тоа не значи дека не треба да се дотераме.
Уживајте во денот и лежерноста со ова бело фустанче со шик карнер во долниот дел и малку широки ракави.
Комбинирајте го со удобни патики во иста нијанса како фустанчето и мини црна чантичка со златни детали.
Што се однесува до накитот, единствено носиме часовник во златна нијанса, а по ваш избор можете и некои соодветни обетки.
Имајте убав ден!
Фото: Pinterest