Четврток во кожено здолниште и блуза со принт
•
21 февруари 2019
Претпоследниот ден од работната недела се разбудивме со желба да се дотераме, па денеска носиме шик комбинација што знаеме дека ќе ви се допадне.
Денеска носиме кожено здолниште со висок струк и ременче на половината и го комбинираме со тенка ролка со животински принт.
Комбинацијата надополнете ја со кафени чизмички на висока потпетица и стилски капут во малку посветла нијанса.
Во комбинацијата вметнавме и шик чантичка во сива нијанса со впечатлив детаљ во предниот дел.
Имајте убав ден!
Фото: Pinterest