Конечно викенд, ден кога можеме да излеземе на прошетка со пријателите или ручек со семејството. По тој повод, денеска носиме стилска комбинација составена од неколку шик парчиња што неодоливо се согласуваат едно со друго.

Во комбинацијата вметнавме долго здолниште во А – крој, а истото го комбинираме со едноставна бела кошулка и крем џемперче со копчиња.

Одозгора, за комбинацијата да биде уште поубава, ја надополнуваме со едноставно крем капутче и кафени чизми на висока потпетица.

Чантата е во иста боја како чизмите, а од модни додатоци носиме марама со животински принт, часовник и алка.

Имајте убав викенд!

Фото: Pinterest

Објавено:
16 февруари 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.131 пати