Петок во кафени кожени панталони и бела романтична кошула

13 септември 2019

Последниот ден од работната недела секогаш е вистинска инспирација, па денеска се разбудивме расположени да се дотераме.

Да ги искористиме последните денови од летото со оваа стилска комбинација во која вметнавме неколку уникатни и впечатливи парчиња.

Носиме кафени кожени панталони и ги комбинираме со бела романтична кошула која е транспарентна и со впечатливи пуфкасти ракави кои есенва ги обожаваме.

Комбинацијата ја надополнивме со мини бела чантичка и сандали во иста нијанса, а што се однесува до модните додатоци, носиме кафени очила за сонце и златни обетки.

Уживајте во денот!

Објавено:
13 септември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
633 пати