Што да облечете денес?

6 март 2015

Последниот ден од работната недела направете го да биде поубав од кога и да е! И покрај дождливото време, утрово нѐ дочека сонце во главниот град, па така слободно можете да одберете некоја пролетна комбинација.

Денеска носиме тренди кожени панталони и ги комбинираме со црно бела кошула во пруги. Во оваа комбинација, целиот акцент го ставаме на модните додатоци, па така носиме црна кожена чантичка, модерен часовник и омилените очила!

Целата денешна комбинација „зачинете“ ја со црвени високи потпетици за кои знаеме дека ги обожавате!

Ви посакуваме среќен петок!

Објавено:
6 март 2015
Категорија: 
Тренд