Претпоследниот ден од работната недела го дочекавме со малку подобро време или барем без дожд. По тој повод, решивме да одбереме шик впечатлива комбинација која е совршена за разни пригоди.

Денеска носиме кусо карирано здолниште и го комбинираме со црвена ролка како едно од најпосакуваните парчиња во секоја студена сезона.

За комбинацијата да биде уште повпечатлива, надополнете ја со црвени чизмички на висока потпетица, а одозгора соодветно палто со кое ќе се стоплите.

Ако ви дозволува работното место искористете ја, ако не, блеснете со неа на попладневната дружба со пријателките.

Убав ден!

Фото: Pinterest

Објавено:
22 ноември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.315 пати