Конечно најсреќниот ден од неделата е на прагот! По тој повод, блеснете во супер стилска комбинација составена од карирано и топло здолниште до под колената и црна елегантна ролка со широки ракави. Комбинацијата надополнете ја со едноставно и нежно црно капутче со кое ќе се стоплите и црни чизми до глуждовите. Целото внимание денеска е вперено кон чантата која иако навидум е едноставна, толку е стилска што секој ќе посака да ја има.

Имајте убав ден!

Објавено:
23 ноември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
729 пати