Четврток во џинс и цветна кошулка со карнери
•
7 март 2019
Утрово се разбудивме со прекрасно и топло време, па сега е вистински момент да ги извадиме омилените пролетни кошулки од плакарот.
Денеска носиме прекрасна цветна кошулка со карнери во предниот дел и ја комбинираме со светли фармерки со висок струк.
Бидејќи утрата сè уште се студени, комбинацијата надополнете ја со некое палто или стилско капутче и чизми по ваш избор.
Чантата е во слична нијанса како блузата со реси како детал во предниот дел.
Имајте супер ден!