Претпоследниот ден од работната недела носи надеж дека конечно викендот е на прагот. Овој четврток носиме навидум едноставна, но шик комбинација.

Фармерките во темна боја со скинати моменти сè уште се хит, па денеска носиме токму такви и ги комбинираме со нашата омилена памучна маичка на пруги.

Денеска сè е во деталите, па комбинацијата надополнете ја со бели кул папучи и сламена кружна чанта со ремче.

Доколку сте расположени за накит, во денешната комбинација вметнете интересни обетки во форма на парички и часовник по ваш избор.

Имајте прекрасен ден!

Објавено:
12 јули 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
479 пати