На средина на неделата и поблиску до викенд, блеснете во шик комбинација која е навидум едноставна, но сепак толку шармантна.

Денеска носиме едноставни тесни фармерки со висок струк и ги комбинираме со нежна цветна маичка со интересно деколте.

Основата на маичката е бела, а принтот романтичен и цветен. Комбинацијата надополнете ја со едноставни бели папучи обетки во златна нијанса и кружна сламена чанта.

Имајте убав ден!

Објавено:
8 август 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
519 пати