Четврток во миди здолниште со висок струк и кошула на преклоп
•
2 јули 2020
Добро утро. Овој четврток го боиме во црвени нијанси. Нашиот денешен предлог за стајлинг на ден е миди здолниште со принт и висок струк. Во предниот дел има мали карнери, но вие можете да си одберете некое тесно, без други додатоци.
Здолништето е искомбинирано во кошула на преклоп и со волуменозни ракави. Изборот на обувки се сандали во сина нијанса, кои го прават стајлингот уште повпечатлив. Вие направете комбинација според вашиот моден сензибилитет.
Ви посакуваме убав ден :).