Четврток во ролка + макси здолниште со висок стурк и џебови

1 април 2021

Добро утро. Денеска сме расположени за здолништа, а нашиот предлог е тоа да биде макси здолниште.

Во конкретниов случај се работи за модел со висок струк, кој одлично ја истакнува фигурата, а продолжува со фалти и има и џебови, што го прават здолништето уште поинтересно.

Црно-белиот кариран дезен го прави впечатливо, а искомбинирано е со црна ролка, на која е додаден долг ѓердан.

Вие можете да одберете и некоја друга боја и да додадете кратка јакна.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
1 април 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
751 пати