Четврток во здолниште од тантела и кошула
•
20 јуни 2019
Овој четврток нашиот предлог за стајлинг на денот е една романтична комбинација.
Макси здолниште од тенка, нежна тантела со карнери е парчето кое прво ќе го забележат на вас. Карнерите не се со изразени набори, туку ја следат линијата на телото. Здолништето во горниот дел е на ластик, што е одлично доколку варирате со килограмите.
Искомбинирано е со класична бела кошула со подвртени ракави и сандали со ремчиња, во слична нијанса со здолништето.
Чантата е мала, а и очилата за сонце се моден додаток без кој не треба да излегувате од дома периодов.
Ви посакуваме убав ден!