Четврток во плетен комплет и чизми
•
24 декември 2020
Добро утро. Четвртокот е обоен во бело, но за жал не од снег, туку од магла. А и нашиот денешен предлог е токму во тие нијанси.
Се работи за плетен комплет од здолниште и џемпер со полуролка. Во комбинација е со високи црни чизми и широк ремен кој дополнително ја нагласува половината.
На тоа е додадена и мала чанта со додатоци, а вие секако во комбинацијата вклучете и капут и други модни додатоци како волуменозен шал, капа, ракавици...
На крајот, и покрај тоа што се' е сиво, наоружајте се со добро расположение и имајте убав ден.