Претпоследниот ден од работната недела поминете го во шик комбинација во која ќе сместите неколку тренди и ултра лесни парчиња. Денеска носиме плисирано здолниште во нежна светла нијанса и ги комбинираме со најслатката маичка што сме ја виделе во последно време. Бидејќи времето денеска се очекува да биде навистина топло, комбинацијата надополнете ја со тренди сандали со реси како едни од најпосакуваните сезонава. Што се однесува до модните додатоци, носиме бела чантичка и стилски очила за сонце, а како и секој ден позитивното расположение и насмевката се must have!

Објавено:
30 јуни 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
493 пати