Четврток во тексас здолниште и розова блузичка
•
4 мај 2017
Претпоследниот ден од работната недела поминете го во шик комбинација составена од тексас здолниште и нежна розова блузичка со слатки апликации. Комбинацијата ја надополнуваме со овие удобни розови патики во кои ќе уживате во текот на целиот ден, а секако и оваа мини чантичка која денеска е доволна да ви собере сѐ што ви е потребно. Од задолжителните парчиња, очилата за сонце денеска се must have и сосема доволни.
Имајте убав ден!